Кратко траеше оптимизмот во германската фудбалска јавност по заминувањето на Флик и доаѓањето на Нагелсман на селекторската функција, откако оваа селекција синоќа загуби на домашен терен од Турција со 2-3.
Слично како и под водство на Флик, германскиот национален тим покажа низа слабости што противниците знаеја како да ги искористат, а легендарниот Лотар Матеус како стручен аналитичар на телевизијата РТЛ потенцираше еден проблем во таборот на повеќекратниот светски првак.
„Кимих и Гундоган не можат да играат заедно, тоа е веќе очигледно иако се инсистира на таа тактика. Го видовме тоа и на последниот Мундијал, тие двајца еден крај друг како „двоен пивот“ во средниот ред, тоа е тактика осудена на катастрофа. Проблемот е што двајцата се многу слични еден на друг, секако дека и едниот и другиот се фудбалери од светска класа, но кога се толку блиску еден крај друг тоа не е ништо позитивно, туку е проблем за репрезентацијата. Мислам дека би било многу подобро кога Грос или Горецка би заиграле во средниот ред крај еден од нив“, истакна Матеус.
На селекторот Нагелсман е дали ќе ја послуша легендата, па веќе на следниот пријателски дуел со Австрија ќе се обиде за тактика без Гундоган и Кимих како тандем во средниот ред
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

