Манчестер Јунајтед тргнува по Гризман

Манчестер Јунајтед планира да доведе нов голгетер во текот на јануарскиот преоден рок, а на врвот на листата со желби на „црвените ѓаволи“ се наоѓа Антоан Гризман.

Новиот ко-сопственик Ретклиф сака да доведе маркантно засилување во својот прв преоден рок како дел од Јунајтед, а Гризман дефинитивно влегува во таа категорија, францускиот ас е играч кој веднаш би го кренал нивото во нападот на „ѓаволите“ во кој и Рашфорд и Хојлунд се далеку од посакуваната форма.

Веќе е воспоствен и првиот контакт меѓу Јунајтед и агентот на Гризман, со цел да се убеди Французинот му е понудена речиси три пати повисока плата во однос на онаа што ја зема во Мадрид. Тој летово одби неколку уште повисоки понуди од Саудиска Арабија, но челниците на англискиот гигант се надеваат дека ќе успеат да го убедат да се пресели во Премиер-лигата.

Во неговиот договор со Атлетико има клаузула за раскин во висина од околу 35 милиони евра, што нема да биде проблем за Манчестер, па затоа целиот акцент е ставен на убедување на фудбалерот, по што експресно би бил комплетран трансферот на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...