Трипие остана дома, Англичаните на пат за Скопје

Англиската експедиција денеска ќе пристигне во Скопје во пресрет на утрешниот квалификациски меч за ЕВРО 2024, но на списокот на патници го нема Киран Трипие.

Дефанзивецот на Њукасл вообичаено е прва опција на селекторот Саутгејт на позицијата десен бек, но тој нема да настапи во Скопје откако доби дозвола од стручниот штаб да ја напушти репрезентацијата. Не станува збор за повреда, туку за лична причина поради која Трипие денеска ја напуштил репрезентативната база и се вратил во својот дом во Њукасл.

Како што најавуваат англиските медиуми не станува збор за нешто премногу сериозно и се очекува Трипие следниот викенд да се најде во составот на Њукасл на дербито со Челси.

Се очекува шанса против Македонија да добие Рико Луис, младиот фудбалер на Манчестер Сити кој за првпат беше повикан во сениорскиот состаав за овие квалификации.

Се вчитува...