Килијан Мбапе продолжува со серијата одлични игри во дресот на ПСЖ и на француската репрезентација, но одличниот голгетер останува во центарот на вниманието и кога станува збор за плановите за иднината.
Тој упорно одбива да потпише нов договор со ПСЖ, следното лето ќе биде слободен играч на пазарот, а во меѓувреме шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид се откажал од намерата да го доведе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, иако тоа беше најавуван како веќе договорен трансфер.
Мбапе постигна три гола и три аистенции во синоќешниот триумф над Гибралтар, а по мечот одби да одговори на прашање околу плановите за иднината.
„Тоа е тема на која не сакам да разговарам, веќе кажав и дека не сакам да ги слушам истите прашања. Има премногу шпекулации, но не сакам да говорам на оваа тема, има уште многу време пред да донесам конечна одлука“,изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА