Чешките репрезентативци Владимир Куфал, Јан Кухта и Јакуб Брабец се исфрлени од репрезентацијата откако решил да ја минат ноќта во дискотека во градот Оломуц, прекршувајќи го правилникот за однесување во националниот тим.
Тројцата фудбалери требаше да бидат стандардни првотимци на гостувањето во Молдавија, но селекторот и челниците на федерацијата едногласно одлучија дека мораат да бидат санкционирани откако по социјалните мрежи се појавија бројни фотографии од нив, објавени од останатите посетители на дискотелата.
„Тројцата излегле во локалниот познат диско клуб Белмондо, каде беа фотографирани. Исто така, на фотографиите се гледа дека пијат алкохол. Однесувањето е директно нарушување на атмосферата во репрезентацијата и казната е апсолутно заслужена“, пишуваат чешките медиуми.
Чешка утре гостува на селекцијата на Молдавија, меч на кој на Чесите им е доволен и еден бод за да го осигураат второто место на табелата и пласманот на ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА