Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси не го криеше задоволството што ја одведе оваа репрезентација до пласман на ЕП, прв за српскиот национален тим на еден европски шампионат уште од 2020 година.
„Орлите“ се наоѓаа во лесна група во која важеа за големи фаворити, на крајот едвај стигнаа до второто место (зад Унгарија), со низа слаби партии кои кулминираа со денешното реми на домашен терен против потпросечната селекција на Бугарија. Без оглед на слабата форма на репрезентацијата во последните месеци, селекторот порача дека е дојдено времето за славје во фудбалска Србија.
„Благодарам на честитките, ова е голем ден за српскиот фудбал. Србија конечно дочека да има своја селекција на ЕП, им честитам на момците кои се бореа до крајот, не се откажаа и заслужено стигнаа до втор гол и реми. Среќн сме и задоволни, знаев дека нема да ни биде лесно против Бугарија, дека ќе биде интересен натпревар за следење. Сепак, ме радува што фудбалерите покажаа менталитет на непредавање, на верба во себе“, изјави Пикси по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА