Бутел со одлично издание и заслужена гостинска победа над составот на ГА (24-28) го осигура своето место во плејофот уште на неколку кола до крајот на Супер-лигата. Ракометарите на Горан Кузманоски ја креваат формата како што одминува сезоната, тоа го потврдија и денеска со одличното издание против незгодниот домаќин, кому не му дадоа шанса да се понадева на триумф.
Тимот на ГА успешно парираш во првото полувреме, но Бутел успеа да се одлепи пред крајот и на одмор да замине со водство од 10-12. Тоа беше само најава за уште подобро издание на гостинскиот состав на стартот од второто полувреме, во кое „бутелци“ набрзина поведоа со 11-17 и практично го решија прашањето на победникот. ГА успеа да ја намали негативата, но дури откако Бутел ја осигура победата, па овој меч заврши со заслужена победа на гостите од конечни 24-28.
Николов одигра одличен меч за Бутел постигнувајќи девет погодоци, шест пати прецизен беше Спасовски, додека најдобри поединци во поразената екипа беа Милошески со седум и Шилегов со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА