Еурофарм Пелистер го претстави Филип Кузмановски

Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер денеска и официјално го претстави македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски за свој нов играч.

Популарниот „Фитиљ“ во Битола доаѓа од германскиот шампионат каде беше дел од Вецлар. Тој своето деби за битолчани ќе го има на мечот во среда против Пик Сегед во Лигата на шампионите.

„Неговото враќање дома е прекрасна вест за нашиот клуб и нашиот град. Филип Кузмановски денес официјално беше претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Тој позираше во зелено-белиот дрес со број 18, во друштво на спортскиот директор и тренер на екипата, Бранислав Ангеловски. Кузмановски пред медиумите, партнерите, спонзорите и пријателите на клубот го изрази задоволството од враќањето во својот матичен клуб. Клубот го пријави Филип Кузмановски за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува в среда против ПИК Сегед во Битола“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер. 

 

Се вчитува...