Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и на 36-годишна возраст доминира на терените, а доказ за тоа е фантастичната сезона која најдобриот тенисер на АТП листата ја круниса и со трофеј на завршниот тунир во Торино.
Во овој момент Србинот нема достојна конкуренција и покрај тоа што противниците со кои се среќава се и 15 години помлади од него. Порталот „We are tennis“ поради тоа на своите фанови им постави интересно прашање „Дали Ѓоковиќ е предобар или ова е ерата на слабаци?“.
Поголемиот дел од фановите сметаат дека Ѓоковиќ е предобар за конкуренцијата, а мал дел дека станува збор за ера на слабаци.
„Кога еден 20-годишник е практично единствениот кој успеа да го предизвика Новак оваа година, тогаш навистина треба да се смета за ера на слабите“.
„Ако Алкараз, Синер и Медведев ги сметате за слаби, тогаш не знам што да ви кажам. Алкараз и Синер ќе ја завршат кариерата како великани на тенисот. Ѓоковиќ е предобар за нив“
„Секоја чест на Федерер за 237-те недели поминати на врвот, но какви противници имаше тој? Ѓоковиќ мораше да го победи него, Надал, Мари, Вавринка за да биде прв“
„Синер, Алкараз и Медведев се ерата на слабите? Како ќе му беше на Новак против Хјут, Ферер и Родик?“, се дел од коментарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА