Македонскиот национален тим вечерва против Англија тргнува со две измени во стартниот состав, за разлика од дуелот со Италија. Јани Атанасов и Исник Алими ќе бидат овојпат меѓу стартните 11, а на клупата остануваат Агон Елези и Аријан Адеми.
Само тука на овие позиции селекторот Благоја Милевски се реши да менува. Дилема имаше и за десната бековска позиција, но таму останува да дејствува Бојан Димоски.
Димитриевски е на голот на Македонија. Во одбраната Серафимов, Манев и Муслиу, кои ќе имаат помош од страничните играчи Димоски и Алиоски. Овие двајца треба да помагаат и во нападот на нашата селекција. Во средниот ред покрај споменатите Алими и Атанасов, тука е Барди кој ќе биде помош за напаѓачкиот тандем Елмас – Миовски.
Англија, пак, ќе игра во формација 4-3-3. Селекторот Саутгејт има неколку проблеми со тимот, но и широка клупа, па и оваа Англија која ќе настапи во Скопје делува импресивно. Англичаните се решија да настапат без Хари Кејн во нападот, на негово место почнува Воткинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА