Обрадовиќ соопшти лоши вести за навивачите на Партизан

Партизан го претрпе третиот пораз во АБА лигата откако загуби на гостуваањето во Љубљана од Цедевита Олимпија во нова неизвесна завршница. А, проблемите за „црно-белите“ не се само резултатски. Тимот кој се мачи на позицијата плејмејкер остана и без Алекса Аврамовиќ.

Српскиот репрезентативец го заврши натпреварот во првото полувреме во кое доби удар во носот, повреда која се чини дека воопшто не е наивна судејќи по изјавата на Жељко Обрадовиќ на пресконференцијата за медиуми во главниот град на Словенија.

„Алекса е во болница на преглед, изгледа дека му е скршен носот. Многу ситуации, многу крв, многу од се и сешто. Но, тоа е веројатно само составен дел од играта“, изјави Обрадовиќ.

Аврамовиќ и оваа сезона е еден од најзначајните кошаркари на белградскиот евролигаш не само по просекот на поените, скокови и асистенции, туку и по енергијата која ја дава на теренот и борбеноста пред се во одбрната.

Се вчитува...