ЖРК Ѓорче Петров доби чешки противник во осминафиналето на Европскиот куп

Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров го доби за противник чешкиот Хазена Кинзварт во осминафиналето во третото по ранг натпреварување на стариот континент Европскиот куп.

Првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот Куп ќе се игра на 13/14 јануари 2024 во Скопје, додека реваншот е една недела подоцна во Чешка.

Се вчитува...