Ракометарите на Охрид претстојниот викенд на домашен терен ќе го пречекаат Тиквеш во дерби натпреварот од 12. коло во Суперлигата.
Играчот на охриѓани Даниел Ѓорѓески пред мечот вели дека очекува голема поддршка од навивачите на тимот за победа во дербито.
„Во сабота не очекува дерби натпревар против Тиквеш, кој е од големо значење за нас. Треба да влеземе максимално фокусирани и со добра одбрана и залагање од сите играчи да стигнеме до триумф. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка за на крајот сите заедно да се радуваме“, изјави Ѓорѓески за клупскиот сајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА