Голем проблем за Ефес – се повреди Шејн Ларкин, уште двајца играчи се „во аут“

Во таборот на Анадолу Ефес има причина за загриженост откако најдобриот кошаркар на оваа екипа, Шејн Ларкин, заработи незгодна повреда на последниот натпревар од турскиот шампионат.

Ларкинг повреди прст на шутерската рака и според првичните информации проблемот е доста сериозен. Лекарскиот тим се уште се консултира дали Американецот ќе мора да оди на операција, но речиси сигурно е дека тој нема да може да му помогне на тимот на следниот дуел на домашен терен со Партизан закажан за петок, како и на гостувањето против Црвена Звезда на 1 декември.

„Тешкиот распоред донесе проблеми. Ларкин се повреди, исто така не можеме да сметаме и на Елајџа Брајант и на Тибор Плајс. Повредите не делуваат наивно, ќе видиме кога повторно ќе ги имаме во составот“, изјави тренерот Џан.

Се вчитува...