„Што има освоено Белингем за да биде избран за најдобар“

Џуд Белингем имаше извонредна сезона со Борусија Дортмунд, а англискиот суперталент продолжи уште помоќно во првите месеци во дресот на Реал Мадрид.

Наградата „Златно момче“ што вообичаено се доделува на најдобриот млад фудбалер во светот годинава заврши во рацете на Белингем, а еден од ретките кои го критикуваа овој избор е Христо Стоичков. Легендарниот бугарски фудбалер смета дека призанието треба да го добие играч кој остварил успех со својот тим, а не да се гледаат само индивидуалните бројки.

„Пред се сакам да кажам, јас имам високо мислење за Белингем како играч, тој е еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Сепак, ако зборуваме за награди, ајде да зборуваме што направи тој во 2023 година. Дали освои титула… со Борусија Дортмунд беше толку блиску, но не стигна поради кикс во последното коло. Сега даде голови и против Реал Мадрид, но дали тие ќе бидат доволни за трофеј, ќе видиме догодина. Белингем е врвен талент, микс на Лаудруп, Кака и Погба од најдобрите денови, сигурно ќе освои бројни признанија низ кариерата, но ова му беше назаслужено“, изјави Стоичков.

Се вчитува...