Престојното лето се очекува тренерска смена во Реал Мадрид од каде ќе замине Карло Анчелоти со истекот на договорот за да ја превземе репрезентацијата на Бразил, а едно од имињата кои се споменуваат како негов наследник е неговиот сонардоник Роберто де Зерби, откриваат италијанските медиуми.
Де Зерби со успех го предводи Брајтон и со тоа ги привлече вниманието на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој во него гледа идеална замена за долги стази. Според „ТМВ“ Перез веќе се распрашал за неговата достапност и наскоро ќе започне преговори за негов ангажман.
За 44-годишниот статег неодмана во суперлатив говореше и Кевин Принс Боатенг изјавувајќи дека тој ќе биде подобар тренер и од Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА