Турскиот стратег Ергин Атаман по успехот во Анадолу Ефес изминатото лето прифати нов предизвик и седна на „жешкото столче“ во Панатинаикос со цел да го врати „заспаниот“ грчки гигант повторно на врвот на Европа.
А, и покрај тоа што за исполнување на оваа цел за противници има тимови кои се „градени“ со години, вербата во својот тим Атаман ја изрази на денешната пресконференција по повод вклучувањето на гигантска градежна фирма меѓу спонзорите на тимот, охрабрувајќи ги навивачите на Панатинаикос уште сега да набават билети за „Фајнл 4“ турнирот на најсилното европско кошаркарско првенство.
„Цела Европа говори за атмосферата во арената на Панатинаикос и како овој тим некогаш доминираше во Евролигата. Благодарение на вакви договори за спонзорства кои сигурно ќе привлечат и остнати фирми да веруваат во нас, знам дека наскоро повторно нашата арена ќе биде распродадена. Фанови, навреме купете си билети за следните натпревари, за плеј-офот и за „Фајнл 4“ турнирот. Ќе се бориме за титула во Евролигата“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА