Баерн ќе го „одврзе ќесето“ за нови засилувања на зима

Раководството на Баерн Минхен планира да направи освежување на играчкиот кадар во зима, со која ќе го подигне нивото на тимот за вториот дел од сезоната и ќе атакува на 12-та титула по ред.

„Баварците“ планираат да се засилат на три позиции: централен деффанзивец, десен бек и дефанзивен играч за врска. За овие цели клубот е подготвен да одвои 75 милиони евра.

Главна цел е Жоао Оалиња. Португалецот на крајот од летниот преоден рок беше пред трансфер во Минхен, но во последен миг трансферот пропадна. Сега Фулам е подготвен да го пушти играчот, но бара 60 милиони евра.

За десната бековска позиција главен кандидат и Текахиро Томијасу од Арсенал. Тој може да ја зголеми конкуренцијата во тимот. Исто така Мартин Зубименди од Реал Сосиедад е интересен за германскиот првак.

Се вчитува...