Меси во издание во кое ретко се гледа: Кукавици? Не, ние сме шампиони на светот (ВИДЕО)

„Јужноамериканската крв“ повторно преовлада на натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за Светското првенство. Гигантите од овој дел од светот се сретнаа на „Маракана“ во натпревар проследен со голема тензија, но и немили сцени на трибините каде бразилската полиција ги нападна аргентинските навивачи.

Поради тоа капитенот на Аргентина, Лео Меси ја повлече својата екипа во соблекувалната, но „гаучосите“ се вратија на теренот откако се смирија страстите на трибините. Очекувано, Аргентинците беа дочекани со свирежи и навреди од преполниот стадион, а на фановите им се приклучи и бразилскиот ас Родриго.

Аргентинска телевизија го улови моментот како го дочекува Меси на теренот обраќајќи му се се „кукавица“ алудирајќи на фактот дека ја повлече екипата во соблекувалната на што следеше одговор на Аргентинецот до 14 години помладиот колега. Меси го фати Родриго за вратот одговарајќи со зборовите „Кукавици? Не, ние сме шампиони на светот. Пази што зборуваш“.

Се вчитува...