„Хејтерите“ на Ѓоковиќ најдоа еден рекорд кој не е во сопственост на Србинот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ важи за најдоминантниот тенисер во историјата. Светскиот број еден собори голем број на рекорди од кои последниот оној за најмногу недели поминати на врвот на АТП листата, но и покрај тоа што најголемиот дел од светот го величи, Шпанците успеаја да најдат еден податок со кој се обидоа да го убажат неговиот ефект.

Имено, досега Србинот шест пати ја завршува годината со осум или повеќе освоени титули со што е изедначен со Бјорн Борг, Џон Мекинро и Роџер Федерер, а пред нив на оваа листа се наоѓаат Џими Конорс и Иван Лендл кои во кариерата осум пати успеваа да стигнат до ова остварување.

 

Се вчитува...