Ќе успее ли Еурофарм Пелистер конечно да го „помириса“ првиот европски бод!?

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва од 18:45 часот против унгарски ПИК Сегед во нов обид конечно да дојдат до првиот бод во Лигата на Шампионите. Предизвикот не е наивен, во Битола доаѓа ривал од кој „пелистерци“ загубија со 34-26 минатата седмица, но тоа беше меч во кој македонскиот првак 40 минути целосно му парираше на унгарскиот состав.

Тоа, без сомнение, носи надеж и за тренерот Бранислав Ангеловски, кој на мечот ќе има засилување и во името на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, кој ќе дебитира по потпишаниот договор со битолскиот клуб.

Ангеловски пред дуелот со ПИК Сегед вели дека клучно ќе биде неговите ракометари да успеат да ги надминат големите падови во играта кои ги следат во речиси сите европски натпревари сезонава.

Се вчитува...