ПСЖ доби „солена“ казна од УЕФА за инцидентите на мечот против Милан

Францускиот шампион ПСЖ доби казна од 100.000 евра за серијата инциденти на неодамнешниот натпревар против Милан во Лигата на шампионите.

Дисциплинската комисија на УЕФА се одлучи да ги казни „светците“ со 75.000 евра за димните бомби на трибините, 18.000 евра за блокирање на скалите на трибините и 5.000 евра за влегувањето на навивачите на теренот, на дуелот против Милан одигран на 25. октомври кој ПСЖ го доби со 3-0.

Исто така, УЕФА одлучи и делумно да го затвори на еден натпревар стадионот на ПСЖ во европските натпреварувања, но таа казна е условна за период од две години.

И Милан ќе мора да плати 20.000 евра за нередите меѓу неговите навивачи и дополнителни 3.000 евра за употребата на пиротехнички средства од страна на фановите на миланскиот клуб.

Се вчитува...