Младата репрезентација на Македонија до 19 години забележа убедлив триумф над селекцијата на Саудиска Арабија во рамките на контролниот натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Тарагона, Шпанија.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски ја потврди својата добра форма, одигрувајќи одличен натпревар против Саудиска Арабија заокружен со триумф од 4-0.
Елмас стрелаше прецизно во 21. минута за водство на Македонија од 1-0. По одличниот центаршут на Марковски, Величковски во 33. минута се најде на вистинско место, биеше со глава прецизно за предност од 2-0.
Во продолжението од средбата, младата репрезентација на Македонија продолжи во ист ритам како што го заврши првото полувреме. Зенделовски во 83. минута постигнува еврогол за убедливо водство на Македонија од 3-0. Конечните 4-0 ги постави Николовски во 90. минута од мечот.
Селекторот Тони Јакимовски на натпреварот против Саудиски Арабија се одлучи да игра со следниот состав: Љупче Џеков, Мухамед Елмас, Марко Стојилевски, Андреј Аризанковски, Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Зани Назифи, Ѓорѓи Џеков, Фета Фетаи, Мартин Ѓоргиевски, Даниел Марковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА