Јулијан Нагелсман го чека уште многу работа за да ја консолидира германската репрезентација, новиот селектор почна добро со победата над САД минатиот месец, но оваа седмица се соочи со суровата реалност – Германците се далеку од топ-форма, доказ за тоа се поразите од Турција и од Австрија на последните две пријателски средби одиграни како дел од подготовките за ЕП 2024.
Нагелсман останува на ставот дека може да состави конкурентен тим што ќе се бори за добар резултат, но е свесен дека го чека многу работа за тоа да се оствари.
„Никогаш не зажалив, ниту пак ќе зажалам што прифатив да бидам селектор. На сите ни е јасно дека мораме подобро, со оној квалитет што го поседуваме наша обврска е да изгледаме подобро на теренот. Не би рекол дека сум исфрустриран, само сум тажен по она што го видов на овие две посредни средби. Сите порази болат, но тоа е знак дека треба помалку да зборуваме, а повеќе да работиме кога сме на терен. Сите треба да прифатиме дека не сме доволно добри во моментов, да се фатиме за работа, и ние тренерите, но и фудбалерите“, изјави Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

