ПСЖ летово го доведе Гонсало Рамос на позајмица од Бенфика, како покритие за напаѓачката позиција доколку Килијан Мбапе си замине од клубот.
Иако Рамос не е најстандарден во првиот тим на „светците“, управата на францускиот првак реши да ја актирива клаузулата за откуп на неговиот договор со Бенфика, во висина од 65 милиони евра плус клаузули.
„Со задоволство можеме да објавиме дека е откупен договорот на Гонсало Рамос со Бенфика. Сега тој е целосно наш фудбалер, со договор со важност до 2028 година“, се вели во соопштението на „светците“ од Париз.
Португалскиот напаѓач сезонава настапи на 11 натпревари во француското првенство, притоа постигнувајќи два погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА