Жозе Мурињо беше еден од првите врвни тренери кои имаше на маса богата понуда од Саудиска Арабија, но португалскиот стручњак минатото лето експресно ја отфрли оваа опција, решавајќи да остане во Рома.
Само неколку месеци подоцна, „специјалниот“ очигледно го промени расположението на оваа тема, давајќи сосема спротивен одговор во интервју за „Раи 1“.
„Верувам дека еден ден ќе бидам тренер во Саудиска Арабија. Да, ќе одам таму и ќе работам во оваа силна лига. Тој ден нема да биде утре или задутре, но дефинитивно ќе се случи. Дали ќе останам во Рома? Искрено, не знам, овде има премногу критики, кои најчесто се сосема неосновани“, изјави Мурињо.
Договорот што португалскиот стратег го има со Рома истекува на крајот од осезонава, па ваквиот коментар на Мурињо се оценува како почеток на флертот со богатите газди од Саудиска Арабија, за веќе на почетокот од 2024 година да ја договори летната преселба во оваа држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

