Кошаркарите на Чаир се вистински хит сезонава во Првата лига на Македонија, откако вечерва стигнаа и до шестата победа, откако на домашен терен го зедоа скалпот на фаворизираниот Пелистер, совладувајќи го со 87-80.
Домаќините феноменално напапаѓачки го отворија мечот, а одличната игра доведе до двоцифрена предност по десет минути (25-13). Иако гостите заиграа подобро во вториот период, до полувреме успеаја да намалат само четири поени од негативата, што доведе до тоа чаирчани да заминат со плус осум на пауза (48-40).
Во второто полувреме Чаир со стил го исконтролира натпреварот и на крајот и повеќе од заслужено стигна до нов триумф од 87-80. Диванте Мофит со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по шеснаесет постигнаа Магдевски и Мијовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА