Еурофарм Пелистер претрпе уште еден пораз во Лигата на Шампионите, овој дефинитивно најболен ако се знае дека македонскиот првак загуби од Пик Сегед со минимални 27-28. Битолчани одлично се бореа, но на крајот загубија со гол примен на пет секунди до крајот.
Мора да се истакне и огромната грешка на судиската двојка од Франција во финишот, кога при резултат 25-26 за Пик Сегед не беше признаен гол на Борзаш, откако топката ја мина гол-линијата, но арбитрите не го забележаа тоа, ниту пак побараа ВАР-анализа за повторно да ја погледнат спорната ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА