Ракометарите на Пари Сен Жермен успеаја да ја спречат низата од два порази по ред во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен одиграа реми 28-28 против норвешкиот Колштад.
Гостите одиграа феноменално во првиот дел во кој тотално го надиграа тимот на Раул Гонзалез и на пауза заминаа со позитива од два гола 13-15.
Во вториот дел домаќините заиграа далеку подобро, а со голот на Пранди на 30 секунди до крајот на мечот поведоа со 28-27. Сепак, Јоханесен стрелаше во следниот напад и на крајот ги постави конечните 28-28.
Пранди со десет гола беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Сандер Сагосен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА