Шампионот е во криза, не помогна ниту новиот трипл-дабл на Јокиќ

Денвер се соочува со најголемата криза од стартот на сезонава откако актуелниот НБА-шампион загуби на гостувањето во Орландо со 124-110, трет пораз за Никола Јокиќ и соиграчите на последниет четири средби. Јокиќ повторно одигра на највисоко ниво, српскиот центар оствари трипл-дабл од 30 поени, 13 скокови и 12 асистенции, но и тоа беше недоволно за да се стигне до позитивен резултат. Пресудна се покажа последната четвртина во која Орландо постигна дури 42 поени (42-31), домаќините направија пресврт и стигнаа до триумф. Германскиот репрезентативец Франц Вагнер беше најдобар поединец во победничкиот тим со 27 постигнати поени.

Далас предводен од Лука Дончиќ стигна до триумф на гостувањето против ЛА Лејкерс. Дуелите со Леброн Џејмс секогаш се инспирација за Дончиќ, кој повторно одигра одличен меч и со 30 поени, 12 скокови и 8 асистенции беше најзаслужен за големата победа. Помош доби и од Кајри Ирвинг кој реализираше 28 поени, додека Леброн Џејмс на спротивната страна имаше 26 поени, 9 скока и 7 асистенции зад своето име.

Тензично беше на дуелот меѓу Феникс и Голден Стејт на кој домаќините славеа со 123-115, а Голден Стејт остана без помошта на Крис Пол, кој беше исклучување пред крајот на првото полувреме. Феникс подобро се снајде во финишот од полувремето, на одмор замина со предност од 16 поени, а „воините“ и покрај подоброто издание во последната четвртина не успеаја да се вратат целосно и го претрпеа петтиот пораз во последните шест средби.

Бостон по голема битка го совлада Милвоки со 119-116, гостите се вратија од „минус 20“, но пресуди промашениот обид за забивање на Лилард на четири секунди до крајот, по кое Бостон ја финишираше средбата и стигна до заслужената победа.

По дополнителни пет минути беше решен дуелот меѓу Атланта и Бруклин во кој домаќините славеа со 147-145, Јанг постигна 43 поени за победничкиот тим, додека Бриџис броеше до 45 за тимот на Бруклин.

Резултати НБА:

Шарлот – Вашингтон 117-114, Орландо – Денвер 124-119, Атланта – Бруклин 147-145 (по прод.), Бостон – Милвоки 119-116, Кливленд – Мајами 96-129, Индијана – Торонто 131-132, Хјустон – Мемфис 111-91, Минесота – Филаделфија 112-99, Њу Орлеанс – Сакраменто 117-112, Оклахома – Чикаго 116-102, Сан Антонио – ЛА Клиперс 102-109, Феникс – Голден Стејт 123-115, Портланд – Јута 121-105, ЛА Лејкерс – Далас 101-104.

Се вчитува...