„Хамилтон самиот се нудеше на Ред Бул, но го одбивме поради Ферстапен“

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, обелодени дека Луис Хамилтон самиот се нудел да потпише за овој тим за да може повторно да се бори за шампионска титула.

Хорнер откри дека преговорите се воделе во текот на оваа година, а откако му станало јасно дека нема да се пресели во Ред Бул, британскиот возач самиот седнал на маса со Мерцедес и потпишал нов договор со овој клуб.

„Имавме неколку разговори со Луис Хамилтон низ годините, за тој да дојде и да стане нов член на нашиот тим во Формула 1. Последен пат тие ни пристапија на нас, беше почеток на годината и сакаа да знаат какви се шансите Луис да дојде и да вози за Ред Бул. Одговорот беше негативен, по што тој веднаш се договори за нов договор со Мерцедес“, изјави Хорнер.

Првиот човек на Ф-1 тимот на Ред Бул не крие дека причината за негативниот одговор биле сомнежите околу функционирањето на Ферстапен и Хамилтон во ист тим.

„Искрен, размислував кратко, но не можам да замислам како Макс и Луис би работеле заедно. Би можеле да си создадеме непотребно многу проблеми, вистината е дека ние сме пресреќни со она што го имаме како возачи во моментов“, порача Кристијан Хорнер.

Се вчитува...