Крвта не е вода: Синот на Златан Ибрахимовиќ повикан во репрезентацијата

Златан Ибрахимовиќ летово и официјално ја заврши играчката кариера, но затоа неговите синови се обидуваат да тргнат по стапките на Ибракадабра.

Од Шведска стигнува информација дека 15-годишниот син на Златан, Винсент Ибрахимовиќ, е повикан во шведската национална селекција за играчи родени 2008 година. На тренинг-кампот се повикани вкупно 66 фудбалери, а најзвучно име дефинитивно е токму Винсент Ибрахимовиќ, тинејџерот кој ќе мора да се носи со притисокот што го носи славното презиме.

Неговиот повозрасен брат Максимилијан исто така тренира фудбал, и тоа во У18 тимот на Милан. Тој настапува како крило, досега има пет средби за јуниорскиот тим на „росонерите“ и ниту еднаш се нема запишано меѓу стрелците. Максимилијан никогаш не беше повикан на тренинг-камп на шведската репрезентација, па се чини дека Винсент е поголем талент од него…

Се вчитува...