Директорот на Австралија опен верува дека Рафа ќе биде дел од турнирот

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, изјави дека останува уверен дека Шпанецот Рафаел Надал ќе се натпреварува на турнирот во јануари, и покрај континуираните проблеми со повредите.

Надал нема одиграно натпреварувачки натпревар од јануари, кога се повреди во второто коло на токму на турнирот во Мелбурн на мечот против Американецот Мекензи Мекдоналд. Тој беше опериран на мускулот на колкот во јуни, а најави дека 2024 година ќе биде последна сезона во неговата кариера. Освојувачот на 22 гранд-слем титули изрази желба уште еднаш да игра на Ролан Гарос и на Олимписките игри во Париз следната година.

„Рафа тренира, јас внимателно го следам, веројатно секој ден, бидејќи тој е важен играч за нашиот турнир. Тој сака да игра, очигледно дека планира да игра. Се зависи од тоа како ќе се чувствува. Се надеваме дека ќе добиеме конкретна потврда за тоа во следната недела или две. Сигурен сум дека Рафа ќе биде тука бидејќи нема да ја пропушти можноста да го повтори она што го направи пред неколку години“, изјави Тајли.

Се вчитува...