Најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумбо изјави дека ќе му биде на располагање на селекторот на репрезентацијата доколку селекцијата се пласира на Олимписките игри.
Грците ги очекува квалификациски турнир за кој веќе се пријавија за домаќинство, а мора да го освојат за да бидат дел од Игрите во Париз следната година. Адетокумбо вели дека ќе биде возбуден што ќе биде дел од грчкиот тим на ваков голем настан.
„Што се однесува до Париз, ако се квалификуваме таму, ќе бидам возбуден што ќе бидам дел од тимот кој ќе настапи на Летните олимписки игри“, изјави Јанис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА