Лоренцо Инсиње прави кам-бек во Серија А

Италијанскиот фудбалер Лоренцо Инсиње е во контакт со тренерот на Лацио, Маурицио Сари и сака да се врати во Серија А по речиси две години играње за Торонто.

Инсиње моментално е во Италија, а италијанските медиуми пренесуваат дека во средата го посетил новиот тренер на Наполи, Валтер Мацари во тренинг центарот на клубот. Тој не сака да се пресели во Наполи туку во Лацио, а италијанските медиуми објавија дека го известил тренерот на тимот на „лацијалите“ дека е на располагање доколку има потреба.

Инсиње има договор со Торонто до 2026 година. Тој клуб би можел да го пушти или на позајмица или со раскин на договорот поради неговата плата од 11,5 милиони евра. Инсиње за Торонто одигра 33 натпревари и постигна 11 гола.

Се вчитува...