16-годишната германска гимнастичарка Миа Софија Летке ненадејно почина, потврдија од германската гимнастичка федерација. Причината за смртта се уште не е позната, а истрагата е во тек.
Како што пишува германски Билд, обвинителството покренало истрага и наведуваат дека се работи за срцев удар, додека Федерацијата по вообичаена процедура во вакви ситуации покренала истрага за да се утврди дали имало грешка од трето лице или дали се работи за ненадејна смрт.
„Секогаш даваше 100 проценти на тренинзите. Нејзината цел беше да оди на Олимписките игри и направи се за тоа да се случи, а сигурен сум дека можеше. Не можам да замислам низ што поминува семејството во моментов“, изјави нејзиниот тренер за „Билд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

