Најдобриот алпски скијач на денешницата и двократен севкупен победник во Светскиот куп, Марко Одермат, ќе мора да паузира неколку дена, откако на тренинг во американскиот скијачки центар „Капер Маунт“ го повреди дискот во лумбалниот дел на рбетот.
„Почувствував прилично силен удар во грбот на тренингот за супервелеслалом, па морам да паузирам“, изјави 26-годишниот Одермат.
Тренерот на швајцарскиот скијач Хелмут Круг изјави дека паузата од тренинзите е само мерка на претпазливост, со оглед на тоа што скијачите ќе возат два спусти и супер Џи во Светскиот куп следната недела (од 1. до 3. декември) во Бивер Крик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА