Ѓоковиќ: Сакам да освојам „златен-слем“ и злато во ЛОИ во Париз

Пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ во Малага на Дејвис Купот привлече големо внимание кај шпанските медиуми кои се бореа за интервју со Србинот. Светскиот број еден се одлучи своите зборови да не ги штеди за „Марка“ каде говореше на повеќе теми.

Една од нив се рекордите. Како „човек на тениските рекорди“ беше запрашан кој следен рекорд го има на ум.

„Тоа е добро прашање. Најверојатно да освојам што повеќе титули. Сакам да освојам што е можно повеќе турнири и ако имам среќа да го престигнам Џими Конорс. Секогаш има некој нов рекорд на хоризонтот кој може да биде поставен. Но, најважно од се е да ги наминам личните рекорди и да испишам своја историја. Тоа го сакам. За да ги освојам големите турнири морам да одржам високо ниво на подготвеност, посветеност и мотивација“, изјави Ѓоковиќ.

Едни од ретките успеси кои ги нема Ѓоковиќ во кариерата се „златниот слем“ и златото на Олимписките игри па беше запрашам дали може да ги достигне на 37-годишна возраст.

„Дали беше реално да очекувам дека ќе освојам три грен-слема оваа година? Пред пет или пред две години мислам дека луѓето не веруваа дека тоа е можно. Се познавам себе си многу добро. Знам во каквоа физичка и ментална состојба сум и знам што можам и колку можам. Не сакам да звучам препотентно и ова да биде сфатено како непочитување кон моите ривали, но знам дека илјада играчи се борат за истата цел, но во исто време знам и колку верувам во себе“, додаде српскиот ас.

Се вчитува...