Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски ќе се бори за титулата светски шампион откако се пласираше во финалето на Светското ВАКО првенство кое се одржува во Албуфеира, Португалија.
Во полуфиналето во дисциплината Лоу Кик (до 86 килограми) Илиоски извојува убедлива победа од 3-0 против Ељан Алкишиyев од Азербејџан, со што се избори за финале и битка за светското злато.
„Бобан во сите три рунди водеше со истиот резултат, 3-0. Детално ги анализиравме претходните борби на борецот од Азербејџан при што подготвивме тактика која Боби максимално ја спроведе реализирајќи ја во целост. Со ова борба обезбедивме најмалку сребро за Македонија. Но, сега одиме по златото во финалето, по она за кое и дојдовме тука“ – ни изјави од Португалија, селекторот Дејан Митровски – Урко.
Бобан Илиоски во финалето, во битката за светската титула, ќе се бори против Нурбек Уришбоев од Узбекистан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА