Седумкратниот првак на Формула 1, Луис Хамилтон ги демантираше шпекулациите дека контактирал со Ред Бул за трансфер во овој тим.
Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер за „Дејли Мејл“ кажа дека на почетокот на годината контактирал еден од претстаниците на возачот за премин во тимот, пред тој да го продолжи договорот со Мерцедес. Хорнер исто така кажа дека Хамилтон преговарал и со Ферари.
„Не знам од каде е таа приказна. Мислам дека доаѓа од Кристијан. Не знам за што зборува, затоа што никој, колку што знам јас, од мојот тим не разговарал со нив. Со години не сум разговарал со Кристијан“, рече Хамилтон, кој потврди дека се обидел да закаже состанок со него.
„Ми се обрати на почетокот на годината во врска со состанок. Им честитав на неверојатната година и им реков дека се надевам дека наскоро ќе можам да се борам против нив. Тоа беше се. Некој ги измешал работите“, кажа возачот на Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА