Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговиот Порто загубија од Монпеље со 24-28 во 8. коло од Групата Б во Лигата на шампионите.
Французите до победата дојдоа во второто полувреме кога успеаја да го скршат отпорот на португалскиот тим, откако првото полувреме заврши 13-13.
Митревски имаше една одбрана од шест шута на противниците кон неговиот гол но со крајно лимитирана минутажа, во мечот во кој Лукас Пелас беше најдобар кај Монпеље со девет постигнати гола.
Барселона, пак, без никакви проблеми славеше на домашен терен со 32-25 против Висла Плок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА