Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел вели дека напаѓачот Томас Милер е легенда на клубот од кого очекува да продолжи да игра во врвна форма.
„Томас е составен дел од нашиот тим, икона на клубот, играчка легенда“ – вели Тухел.
34-годишниот Милер има договор со Баерн до крај на сезоната. Пооделни германски медиуми објавија дека Баерн не планира да му понуди на Милер продолжување на соработката… Но…
„Секако дека го сакам Милер во тимот, се подразбира дека сакаме да продолжи да игра за Баерн. Тој е моментално во одлична форма, сака да тренира, сака да игра. Зошто не би продолжил да игра на највисоко ниво?“ – дополнува Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА