Француската легенда со шокантна изјава: „Мака ми е да ги гледам репрезентациите од Балканот, бескорисни се…“

Легендата на францускиот фудбал Криштоф Дугари даде своја анализа на штотукузавршените квалификации за ЕП 2024, притоа осврнувајќи се и на тоа што Европа може да очекува од првенството во  Германија следната година.

Рекордната победа на Франција над Гибралтар од 14-0, пак, го натера Дугари критички да се осврне и на поедини селекции притоа спомнувајќи и поголем дел од земјите од Балканот, меѓу кои и Македонија.

„Натпреварот со Гибралтар ќе остане запишан во книгите, како анегдота. Затоа, инсистирам и потпишувам, сите овие ‘кикирики’ натпревари немаат никаква корист за фудбалот, тие само ги оптоваруваат момците, и евентуално да повредат некого“ – вели Дугари, осврнувајќи се и на земји кои обезбедија настап на ЕП 2024, а кои според него не заслужуваат да бидат гледани, како Словенија, Албанија…

„Гледам некои натпревари на земји како што се Грузија, Естонија, Азербејџан, Литванија, Казахстан, Летонија, Молдавија, Малта, Ерменија…, но и овие од Балканот како Словенија, Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора… Сите овие екипи се бескорисни, никогаш не би требало да ги гледаме“ – е шокантната изјава на Дугари која наиде на жестоки критики од фудбалската јавност, дури и во неговата Франција.

Се вчитува...