Поранешната јужноафриканска ѕвезда Оскар Писториус кој е затворен во 2014 година поради убиство на својата девојка Рив Стенкамп, ќе добие уште една шанса за предвремено напуштање на условна слобода.
Писториус поради својата протетичка нога, од јавен херој како параолмписки првак, стана осуден убиец пред девет години, кога го привлече вниманието на целиот свет. Писториус пукаше и ја уби Стенкамп на Денот на вљубените во 2013 година. Вишиот суд на Јужна Африка првобитно го осуди на пет години затвор поради убиство од небрежност, а потоа го прогласи виновен после жалбата на обвинителот.
Вратен е во затвор на шест години во 2016 година, што е половина од минималната казна од 15 години колку што бараше Обвинителството. Во 2017 година Врховниот суд му ја зголеми казната на 13 години пет месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

