Нов проблем за Германија: Играчите незадоволни од Нагелсман

Германските репрезентативци се незадоволни од новиот селектор Јулијан Нагелсман, пишува „Гет Герман Фудбал Њуз“ повикувајќи се на „Билд“. Играчите наводно веруваат дека новиот селектор е повеќе да води клуб, а не репрезентација, затоа што има многу замисли, што е невозможно да се спроведат, со оглед дека мал е периодот на подготовки на националниот тим.

Постои широко мислење дека Нагелсман мора да примени попрагматичен пристап, да нема толку долги тренинзи и видео анализи, како што тоа го правел претходно во клубовите.

Исто така и мислењето на Јулијан дека германските играчи не играат одбрана во клубовите, фудбалерите не го прифаќаат. Репрезентативците не се согласуваат и за честото менување на позициите, како што тоа беше случај со Каи Хаверц, кој со Австрија играше како лев бек.

Се верува дека врската помеѓу Нагелсман и играчите останува силна, но се бара дека тој бара премногу од играчите во толку мал период до почетокот на ЕВРО 2024, во кое Германците како домаќини се трети фаворити за освојување, иако нивната форма е очајна.

Се вчитува...