Пилоти и контролори на летање ќе им помагаат на ВАР судиите во Англија

Челниците на Премиерлигата ангажирала пилоти и контролори на летање за да ги пренесат своите искуства во комуникацијата со ВАР Судиите.

Идејата да се ангажираат вакви лица доаѓа од шефот на судиите, Хауард Веб. Целта е да се подобри квалитетот на судење, самата комуникација меѓу судиите и сето тоа да придонесе за подобри одлуки од ВАР собата.

Премиерлигашките судии веќе некој период се на мета на критики поради аматерските одлуки, кои често беа одлучувачки за конечниот осход, па Судиската организација бара начини како да се подобри судењето.

Би-Би-Си тврди дека во изминатите месеци двајца пилоти веќе одржале предавање на судиите од Премиерлигата.

Се вчитува...