Јужноамериканското дерби во квалификациите за Светското првенство помеѓу Бразил и Аргентина го отсликаа немили сцени откако полицијата влезе во конфликт со гостинските навивачи на „Маракана“. Поради истите Меси ја повлече екипата во соблекувалната, а откако „гаучосите“ се вратија теренот асот влезе во конфликт со младата ѕвезда на Реал Мадрид, Родриго.
Аргентинските медиуми го открија и разговорот помеѓу двајцата. Родриго го нарече Меси кукавица на што светскиот шампион одговори шампионски, а конфликтот помеѓу овие двајца наиде на жестока реакција и на социјалните мрежи каде бројни фанови на Аргентинецот на расна основа го навредувале Бразилецот.
„Моите социјални мрежи беа преплавени со навреди. Ако на правиме така како што тие сакаат, ако не се однесуваме како што тие мислат дека треба, ако носиме нешто што ги нервира, ако не ја наведнуваме главата кога не напаѓаат, ако земеме место кое другите мислат дека е само нивно, расистите ќе го покажат своето криминално однесување“, објави Родриго на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

