Гвардиола: Клоп ме направи подобар менаџер

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за очекувањата од утрешното дерби на неговиот тим со Ливерпул.

Шпанецот не пропушти да го пофали противничкиот тим и тренерот Јирген Клоп. Кажа дека поради него станал подобар тренер, и дека со нетрпение го очекува натпреварот.

„Времето минута, јас играм против Ливерпул осум години, но тие не се истиот тим како на почетокот. Трент може да игра внатре во средниот ред, но идеите се случни. Отсекогаш ми биле најдобри ривали. Топ клуб, одличен тим, со нетрпение го чекам натпреварот“, рече Гвардиола и додаде:

„Не би рекол дека ривалството е исто како Барселона и Реал Мадрид. Различно е, и двата тима заслужуваат најголеми комплименти. Клоп ме направи подобар тренер преку неговите клубови. Тие се фантастични“, изјави Гвардиола кој и натаму не знаеше дали Ерлинг Халанд ќе биде во комбинација, со оглед дека напаѓачот чувствувал болки.

Се вчитува...