Англичаните се уште плачат за ремито против Македонија: Не дека бараме алиби, но…

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми 1-1 на домашен терен против Англија во последниот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

И неколку дена по мечот на „Тодор Проески“, Англичаните се уште плачат за состојбата на теренот во Скопје…

„Испосечено ми е телото од теренот, теренот беже ужас. Не можам да поверувам дека терени како овој се дозволени за игра. Имаше мали камчиња насекаде. Фоден си ја исече раката, но мора да го прифатиме таков каков што е“, кажа Грилиш.

На неговото мислење се надоврза Хари Мегваер, стоперот на Манчестер јунајтед.

„Каде да започнам? Не сум играл на лош терен како овој! Како да беше песочен, нозете ми се заглавуваа во него, видовте во првото полувреме кога се обидов да стартувам на топка, ногата ми се заглави. Беше како да паѓаш на плажа. Не сакам да бараме алиби за резултатот, ние сме професионалци, но беше тешко и среќен сум затоа што немаше повеќе повреди во Скопје“, кажа Мегваер.

Се вчитува...