Интер соопшти дека го продолжил договорот со директорот Џузепе Бепе Марота на уште четири години.
Интер е многу задоволен од постигнатите резултати откако Марота се приклучи на клубот во 2018 година, а посебно од финалето во Лигата на шампионите минатата сезона. Како резултат на тоа, тој доби нов договор до 2027 година.
Откако Марота се приклучи на миланскиот клуб, „нероаѕурите“ практично станаа лидери на италијанскиот фудбал. Претходно, Марота со голем успех работеше во Јувентус осум години и за тоа време освои седум титули во Серија А и два пати играше во финалето на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

